Бомбардирањето на Штип почнало утрото на 6 април. Авионите првин смртонсниот товар го истуриле на кејот на реката Отиња и врз тогашната Соколана во која бие стационирани две единици на тогашната Брегалничка дивизија на војската на кралска Југославија. Од бомбите и митралирањето загинале околу 150 војници и офицери, а многумина биле ранети. Отиња била црвена од крв.

Во вториот налет половина час подоцна, авионите ги бомбардирале Исарот, Горно Маало, Тузлија, Грнчарското Маало, а била погодена и тогашната штипска болница. Загинале 54 граѓани, 22 биле ранети, а десетмина се водат за исчезнати.

На одбележувањето на овој настан, што практично претставува почетокот на фашистичката окупација врз Југославија а со тоа и Македонија, во овој историски момент НЕ се појавија делегациите на ДПМНЕ и СДС, со што можеби се наговестува промена на Уставот?