Симболот на Скопје – Универзалната сала, која со години стоеше руинирана и запоставена, денес изгоре во пожар.

За ваквата катастрофа одговорна е централната власт на двоецот сдсм-дуи, кои преку Министерството за култура, лани ја превзедоа реконструкцијата од Град Скопје.

Најпрво, преку неспособниот градоначалник Петре Шилегов, а потоа и преку министерката за култура, кои дозволија овој симбол на Градот да заврши на овој начин, кој случајно или не, се наоѓа на многу атрактивна локација во Скопје.

Не помала е одговорноста и на ДПМНЕ, партија чии советници во Советот на Град Скопје, ја поддржаа одлуката со која реконструкцијата на Универзала ја дадоа на Мин. за култура.

Речиси две години во Советот на Град Скопје се водеа жолчни расправии кој да ја реконструира Универзалната сала.

Уште тогаш советниците на Левица алармираа дека оваа власт е неспособна за било што, а најмалку за реконструкција на еден од симболите на Градот.

Советниците на СДС и ДУИ на крајот успеаја да ги „убедат“ и нивните партнери од ДПМНЕ да ја гласаат оваа одлука, а епилогот од оваа сложна коалиција го видовме денес.

Ова што се случи денес со Универзалната сала, е уште еден доказ дека власта, во рацете на буржоаските НАТО-вски партии е погубна, како по историјата, идентитетот, просторот, така и по самата безбедност и опстанок на државата и народот. – Стои во соопштението на Левица – Град Скопје.