Агенцијата за палестински бегалци на Обединетите Нации (UNRWA) ќе се соочи со недостаток од 65 милиони долари до крајот на февруари, известува Њујорк Тајмс.

Огромната дупка во буџетот на агенцијата која вработува околу 30,000 лица, од кои 13,000 се во Газа, е резултат на одлуката на одредени членки на ОН да не го подмират нивниот дел од буџетирањето.

UNRWA прима неколкукратни уплати годишно, но досега одреден број држави не ја извршиле нивната, вклучувајќи ја и Финска која требаше да даде 5.4 милиони долари во јануари.

Главните држави кои рекле дека нема да го уплатат нивниот дел во февруари се САД, Канада, Австралија, Велика Британија, Италија, Германија, Јапонија и Шведска. Нивниот збирен придонес изнесува 60 милиони долари.

Одлуката на овие земји се темели на израелско обвинение за тоа дека 12 одговорни лица на UNRWA соработуваат со отпорот на Хамас. Според Фајненшал Тајмс, Израел не доставил докази што ќе го потврдат обвинението.

Во врска со дефундирањето на UNRWA, Специјалниот претставник на ОН, Франческа Албанесе на социјалната мрежа Екс (Х) напиша: „Најавата за ненамирување на буџетската обврска на одредени земји доаѓа откако Меѓународниот Суд на Правдата заклучи дека е извесно тоа дека Израел извршува геноцид во Газа.“

Според Албанесе, извесно е дека опструирачките држави ја прекршуваат нивната должност пред Конвенцијата за спречување и казнување геноцид на ОН