• Фејсбук статус на Генералниот секретар на Левица – Јована Мојсоска 

Веќе трет ден како плочата од НОБ насилнички е тргната од функционерот на ДУИ во Охрид, Нефи Усеини.

Дивоградбата се гради една година и иако има Решение за стопирање, ОЈО нема излезено во јавност дали е поднесен обвинителен акт против познатиот шериф од ДУИ.

Министерката Бисера проформа го осуди отстранувањето на плочата, додека Управа за заштита на културното наследство која е под нејзина надлежност, никаде ја нема. Го нема и градоначалникот на Охрид Пецаков, го нема ни Министерство за внатрешни работи / Мinistria e Punëve të Brendshme да постапи против еден шериф кој го окупира градот.

Пред наши очи се уништува антифашистичката историја на македонскиот народ, и тоа не од бугарските власти – туку од македонските власти.