Реакција на трудовиот сектор при политичката партија Левица
Протестот на вработените во УЈП кој започна минатата недела ќе продолжи и во наредните денови. Вработените бараат од министерот Фатмир Бесими да го потпише колективниот договор со кој се зголемуваат платите согласно зголемување на минималната плата. Протестите ќе се одвиваат континуирано секој ден од 10 до 12 часот се’ до стапување во генерален штрајк.
Кога една држава го „допира дното”? Оној момент кога „одговорниот орган” кој ги има ингеренциите да го спроводува законот се „дрзнува” да ги злоуботреби своите ингеренции а, згора на се’, тој „одговорен орган” да не биде никој друг туку самиот министер. Во случајов министерот Бесими не само што не сака да ги ислуша барањата на Синдикатот на УЈП, со тоа што не ги прима на средба, туку дрско и надмено им порачува дека се подготвува нов општ колективен договор, а поединечни случаи нема да се разгледуваат. Ова е знак дека или државата го допрела дното или, пак, „зад кулисите” се случува криминал на штета на вработените.
Политичката партија Левица дава поддршка на синдикатот и вработените во УЈП за штрајк како и да истраат во своите барања.