Левица: Вработените во МВР оставени без осигурување

Реакција на трудовиот сектор при политичката партија Левица

До нашата партија стигнаа информации дека во Министерството за внатрешни работи од август 2022 година вработените немаат колективно осигурување иако е законска обврска за МВР.

Согласно член 156 од Законот за Внатрешни Работи,вработените во Министерстовот задолжително треба да бидат осигурани ,па сосем легитимно се поставува прашањето зошто се избегнува оваа законска обврска за најмалку 11.000 вработени во Министерството кога повеќе од очекувано е, со оглед на видот на работните обврски да постои зголемен ризик за повреда особено на полициските службеници??? Министерството наместо да ја исполни својата законска обврска и да ги осигура своите вработени само дополнително ја отвара можноста за идни судски постапки и трошоци на терет на Буџетот.

Секојдневните повреди на правата од работен однос како неисплата на прекувремена работа, надоместок за храна за ноќна работа, незаконити распоредувања и останати повреди само дополнително ја потврдуваат негрижата за вработените во оваа државна институција како и деградирање на професијата полицаец.

Левица како работничка партија е секогаш поддршка во остварувањето на правата од работен однос за сите работници како од приватниот така и од јавниот сектор!

https://www.facebook.com/levicatrudovsektor/posts/pfbid0ZXD3SfPTAGm5pymnpZWi1tA2U1iL9R6FHkb1v4vtHMaF5uAaFwHdAwbL6JtkGjfal
Последно