Втор месец од новата учебна година учениците на ДСУ “Киро Бурназ” – Куманово наставата ја следат онлајн од дома.
Покрај старите проблеми, учениците учебната година да ја завршат без учебници, истите сега се принудени наставата да ја следат без маси и столчиња.
Овие дополнителни проблеми повторно ја докажуваат неспособноста на централната и локалната власт во менаџирање како и нивна негрижа за обезбедување на квалитетно образование со соодветни услови.
Потсетуваме:
– претходната 2022година министерот за образование Јетон Шаќири за учениците обезбеди учебници во месец мај;
– во последни 2 години лошата локална политика на градоначалникот Максим Димитриевски доведе од отпишување и иселување на повеќе од 500 ученици од Куманово.
Бараме одговорност како од централната така и од локалната власт и апелираме итно да се преземат соодветни мерки за решавање на проблемот. – се вели во реакцијата на Локалниот Огранок на Левица