Левица: Тоалетите за лица со попреченост на УКИМ служат само за фотографирање

Реакција на социјалниот сектор при политичката партија Левица

До Левица постојано пристигнуваат поплаки дека тоалети за лицата со попреченост на факутетите на УКИМ или воопшто ги нема или пак ако ги има служат само за фотографирање бидејќи истите постојано се заклучени.

Ова претставува огромен проблем за лицата со попреченост кои и покрај објективните препреки, смогнуваат сили да студираат на најстариот универзитет во Македонија, само за истиот тој универзитет да не им обезбеди ниту функционални тоалети.

Лицата со попреченост доаѓаат во многу облици вклучувајќи физичка попреченост која е највидлива и за кои овие тоалети се „наменети“ иако од нив голема потреба имаат и студентите кои се наоѓаат на „полесната“ страна од аутистичниот спектар во случај на сензорни напади, кога им е потребно мир и изолација.

Потсетуваме дека Левица во изминатите денови предложи зголемување на паричниот додаток на лицата со попреченост и на посебниот додаток на лицата со попреченост за 78%, исто така предложивме зголемување на услугите за лична асистенција од 80 на 160 часа месечно.

Левица како единствената политичка партија на обесправените во државава постојано се бори и ќе се бори за подобрување на квалитетот на живот за лицата со попреченост од било каков вид.

https://www.facebook.com/levica.socijalen.sektor/posts/pfbid02i1DdXGzcez3x9u96SzHKEBqLwBQ8gU8619GzHm2DUPk41ztXp93NU1rpvDA7Was8l
Последно