Левица: СДС и ДУИ со европско знаменце изгласаа ропство

Реакција на трудовиот сектор при политичката партија Левица

Денес Сообранието ги изгласа предложените капиталистички измени на Законот зa работни односи. Со изгласани измени работниците ќе можат по барање на работодавецот Бехтел и Енка да работат и по 12 часа дневно иако досега имаше ограничување на максимални 190 часа прекувремено во текот на една година.

За да ја заобиколат активната блокада на пратениците на Левица кои со над 6 000 амандмани го блокираа овој штетен закон, слугите на олигархијата, владата предводена од СДС и ДУИ овој закон го шверцуваа по скратена постапка со т.н „европско знаменце“ – покрај реакциите на загриженост и опасност за корупција од страна на Европската Унија.

Со изгласаните измени се брише ограничување за максималниот број на прекувремена работа под плаштот на стратешки интерес. Изгласаните измени кои би требало да важат за работниците постои опасност да се пренесат и во други области како полиција или војска. Со овие измени СДС и ДУИ македонскиот работник го сведуваат на модерен роб, а земјава ја враќаат во средновековието, наспроти тенденциите во европските замји за скратена работната недела.

Левица како единствена парламентарна партија на трудот отсекогаш била и ќе продолжи да биде единствениот сојузник на работниците во Македонија.

https://www.facebook.com/levicatrudovsektor/posts/pfbid02dxBwyNvzeF9ghzFp5nDJxoXT8HjD5J1tAerExkBSoQuQzGbcykNSpfhJN1TkwGZl
Последно