Соопштение на Левица – Сектор Безбедност
СДСМ продолжува со инвестициите во Кавадарци. Владата инвестира во општина Кавадарци”- Вуко Мелов, член на Совет на Општина Кавадарци, објавува на неговиот фејсбук профил. На сликите, група луѓе меѓу кои министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, директорот на Македонија пат Костадин Ацевски, директорот на ЈПДП Ејуп Рустеми- и една Павлинка Шемова- Стојанова.
Павлинка Шемова- Стојанова е началничка на ОКРА во Регионален центар за гранични работи Југ. Истата е примена со високо образование во Гранична полиција и по нецели 2 недели, и се доделува функција началник на оддел. Оваа брза прогресија на нејзината кариера е несомнено помогната од нејзината посветеност на СДСМ. Покрај тоа што на припадници на МВР не им е дозволено да се политички активни, постојат јавни докази на социјалните мрежи за политичката активност и пристрастност на Павлинка од 2018 па се до 2023.
Почнувајќи како работник во банка и член на СДСМ, Павлинка веќе 3 години извршува дејност како началник. Правилото дека припадници на МВР не смеат да се политички активни очиглено важи само ако тие припадници се членови на било која политичка партија освен СДСМ. На овој начин, Оливер Спасовски има целосна слобода да поставува сопствени пиуни и да ја користи моќта во сопствена полза. Дали е Марјан Кицев како претседател на Македонски полициски синдикат или Павлинка Шемова- Стојанова како началник на Регионален центар за гранични работи, МВР е институција којашто труе на нелегалните и неморалните игри на Спасовски.
Секторот за Безбедност при Левица повикува за крај на длабоко вкоренатата корупција во МВР оркестрирана од Оливер Спасовски и СДСМ, корупција која назначува партиски пиуни како началници на институции кои треба да се грижат за националната безбедност, ставајќи ги граѓаните на Република Македонија во потенцијална опасност.