По испратено барање за информации од јавен карактер од страна на координаторот на секторот Политички систем на политичката партија Левица, Кристијан Димков до Собранието на Република Македонија во однос на колку пари имаат пратениците земено по ставка патни трошоци, добиени се следните ФРАПАНТНИ информации.
Имено, пратениците на широката коалиција ДПМНЕ-СДС-ДУИ како и „Албанската опозиција“ од почетокот на својот мандат до 2024 година сложно имаат украдено од народниот буџет над 68 МИЛИОНИ ДЕНАРИ само во име на фамозните „патни трошоци“.
Пратениците на ДПМНЕ и коалицијата имаат украдено над 26 милиони денари, пратениците на СДС и своите коалициони партнери се на второ место со над 25 милиони денари. Од Албанскиот блок пак, ДУИ имаат украдено речиси 8 милиони денари, додека севкупната т.н „албанска опозиција“ составена од Алијанса, Алтернатива и БЕСА имаат украдено над 8 милиони денари.
Ја потсетуваме јавноста дека пратениците од редовите на Левица, Борислав Крмов и Димитар Апасиев, во својот мандат заедно имаат земено 0 ДЕНАРИ за патни трошоци. Напротив, Левица уште во 2021 година предложи Закон за драстично намалување на патните трошоци на „народните избраници“ предлог – закон кој беше експресно одбиен од страна на широката коалиција ДПМНЕ-СДС. – Се вели во соопштението на секторот политички систем при политичката партија Левица