На официјалната страна на општината веќе две години не се објавени завршните сметки (за 2022 и 2023 година) за тоа како се потрошени парите на граѓаните,
Исто така, не се објавуваат Службените гласници, односно последниот е објавен на 16.06.2023 год.
Неодговорноста, нетранспарентноста и неотчетноста на градоначалникот Висар Ганиу и претседателот на советот Јетмир Асани се покажуваат на дело.
Широката коалиција ДУИ-СДС-ДПМНЕ ја докажуваат својата негрижа и неажурност и во оваа општина со тоа што цели 9 месеци не се објавени Одлуките на Советот на Општина Чаир.
Апелираме до Инспекторатот за локална самоуправа да спроведе вонреден инспекциски надзор и да ја утврди фактичката состојба.
Исто така ја информираме јавноста дека во периодот кој следи, од општината ќе бидат побарани информации од јавен карактер, бидејќи граѓаните и жителите О.Чаир, чија доверба е повторно изневерена благодарение на мафијашката структура, заслужуваат отчетност и транспарентност од општината. – Се вели во соопштението на ЛО Левица Чаир при политичката партија Левица.