После грозоморниот теористички акт, каде 5 терористи, поврзани со исламистичките радикални групи кои се борат на страна на украинската армија, завчера, со огнено оружје упаднаа во концертна сала во московската област, во кој животот го загубија повеќе од 100 млади луѓе, а над 200 беа повредени, вчера, во ракетен напад на пограничниот федерален град во Русија, Севастопол, беше погодена централна цивилна област!

На снимката од телеграм каналот Intel Republic се гледа моментот на силна експлозија после која огромен огнен облак ја погодува цивилната област во центарот на градот Севастопол.

Локалните жители известуваат дека ова е еден од најголемите напади на Севастопол. Дете и жена се повредени во нападот во кој Украинците користеа проектили „Storm Shadow“ доставени од НАТО.

Од извештаите на руската противракетна одбрана се забележува дека Киев во овој ракетен напад користел проектили Storm Shadow кои биле испорачани од Британија.

Претходно, ваков сличен напад на резидентна ареа се случи во Белгород, но силите за воздушна одбрана на Руската Федерација пресретнаа дури 19 проектили Vampire MLRS над регионот на Белгород испорачани од Чешка, соопшти руското Министерство за одбрана.