Вработени во АД ВОДОСТОПАНСТВО сеуште немаат земено плата затоа што сметката на компанијата од неодмана е блокирана.

Неспособниот менаџерски тим на чело со директорот Локман Љимани дозволиле Управата за Јавни Приходи да ја блокира сметката и да ги земе парите кои биле собрани за плати на вработените a управата ги земала поради неисплатено ДДВ.

Компанијата без образложение ги поштедила од плаќање комуналните претпријатија во Куманово, Берово, Струмица и Кавадарци кои не ги платиле своите обврски во износ од околу 240 милиони денари од кои само за ДДВ се околу 45 милиони денари па дури и фаворизирала одредени субјекти воопшто да не платат.

Додека вработените во АД ВОДОСТОПАНСТВО се трудат редовно и навремено да ги извршат своите работни задачи компанијата води политка која е погубна не само за вработените туку и за целото земјоделство затоа што голем број на посеви ќе останат без вода за наводнување, а одредени места и без вода за пиење.

Левица повеќе пати реагирала за расипничкиот однос на директорот Локман Љимани кој се луксузира на сметка на претпријатието додека работниците немаат плата но овој чин е кулминација на неговата неспособност.

Повикуваме директорот веднаш да си даде оставка како би се спречило ова понатамошно уништување на претпријатието и негрижа за правата ма работниците и земјоделството. Стои во соопштението на Трудов сектор при политичката партија Левица.