Левица: Европската Комисија потврди – рамковниот балансер не ги исполнува целите

Соопштение на политичката партија Левица

Европската комисија го објави нацрт-извештајот од скрининг процесот за првиот кластер од поглавјата на Унијата, во кој ЕК го потврдува тоа што Левица го говори секојдневно – не постојат поголеми анти-европскии партии од криминалната коалиција СДС и ДУИ.

Забелешките на ЕК се однесуваат на многу прашања за кои Левица веќе има јавно реагирано, како на пример ЗЛОУПОТРЕБАТА на т.н „европско знаменце“ за да се прошверцуваат сомнителни закони без комисиска расправа. Комисијата, исто така, нотира дека власта ги нема земено во предвид препораките на Венецијанската комисија во однос на противуставната ДВОЈАЗИЧНОСТ, која ја воведе СДС за задоволување на големоалбанските апетити на шовинистичките албански партии.

Но, најголемата новост во овој извештај е мислењето на ЕК за фамозниот „етнички БАЛАНСЕР“ – најзлоупотребуваната алатка на необалистите од ДУИ. Во извештајот се вели:

„Балансерот“, алатката за човечки ресурси, кој го одредува процентот на застапеност на вработени во јавниот сектор од секоја етничка група, веќе не ги исполнува целите, затоа што формулата не ги одразува пописните податоци за населението кое живее во земјата.” Комисијата дополнително утврдува дека паралелните процедури за вработување (поставени за да се зголеми вработеноста на малцинставата во јавниот сектор) може да ги поткопаат принципите на ефективност и да влијае на независноста на институциите.

Потсетуваме дека Левица, во однос на злоупотребувањето на „балансерот“ како главен механизам на картел партијата ДУИ за вработување на партиска војска, има поднесено иницијатива за инспекциски надзор пред една година. Тогаш, Министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим АЛИТИ, спротивно на Законот за вработените во јавниот сектор, како основ за пресметка на работни места по “етничка” припадност, во веб-алатката балансер го додаде и нерезидентното население.

Позитивната дискриминација по етничка припадност, која требаше да биде транзитен период, се втемели како дискреционо право на ДУИ за партиски вработувања, за што и експерти реагираат дека Рамковниот договор после 20 години – не ги исполнил своите цели.

Левица се залага за УКИНУВАЊЕ на рамковниот „балансер“, како главен извор на етничката поделеност помеѓу граѓаните, и воведување на т.н. социјална позитивна дискриминација при вработување во јавниот сектор, односно предност за вработување да имаат кандидатите кои доаѓаат од социјално-загрозени семејства.

https://www.facebook.com/PartijaLevica/posts/pfbid02ZHpivZDb663zstWKUpS8wK8NoNA2RQ7r2h7YdogpwhiH9odh6z7rb123NyP2kM7fl
Последно