Еден месец пред новата техничка влада поради претседателските и парламетарните избори страната на Агенција за Администрација, дневните весници и интернет сајтовите за вработување никогаш не биле по полни од предизборните огласи за вработувања во сите јавни институции, од градинки до Министерства.

Страната на Агенција за Администрација во првиот круг на огласи што е до крај на месец декември 2023 год има вкупно 242 огласи за вработување за различни работни позиции во: Министерсва, општини, фондови, управи, јавни претпријатија, држзвни инспекторати, јавни здравствени установи, казнено поправни домови, основни училишта, градинки.

Но за трагедијата наречена предизборно купување на гласови да биде уште поголема, вработувањата, согласно нелегалниот рамковен договор се вршат по националност и етнички клуч. Односно дури и овој нелегален и крајно не фер, етничко сегрегирачни начин за вработување во јавната администрација е континуирано прекршуван од страна на сецесионистите од ДУИ кои во име на „правичната застапеност“ ги има партизирано институциите

Така да од 242 вработувања на страна на Агенцијата 140 се за Македонци, 9 турска националност, 4 Срби, 5 Роми, 3 Власи, 3 од друга националност додека пак преостанатите 86 работни места (или 35%) се „чуваат“ за кандидат од албанска националност,што е многу повеќе дури и од податоците на фингираниот попис.

Позицијата на ДУИ како политичка партија на власт повеќе од 20 години и одлучувач за тоа дали СДС или ДПМНЕ ќе е „македонската партија“ на власт, две партии кои би ја продале и својата родена мајка за да дојдат на позиција за да ги крадат народните пари има создадена многу неповолна клима за соживот во државата и македонското население е доведено дури до позиција да бара доследно почитување на колонијалистичкиот рамковен договор.

Затоа Левица се залага за УКИНУВАЊЕ на рамковниот договор како причината за етно-трибалистичкиот и сегрегирачкиот живот во Македонија како и за забрана на монолитни и чисто етнички партии и постоење само на идеолошки профилирани политички партии. – Се вели во соопштението на политичката партија Левица.