Левица: Додека власта ја сонува ЕУ, децата во градинките јадат скапано овошје?!

Соопштение на социјалниот сектор при политичката партија Левица

Откако Левица преку реакција реагираше дека, додека функционерите трошат милиони буџетски средства за бадеми и лешници, децата во градинките јадат паштети, МТСП побрза да воведе кампања за здрав оброк во градинките.

По неполна година од воведувањето на овој “здрав оброк” , преку кој децата во предшколска возраст треба да добиваат по два килограма овошје неделно, може да се каже дека истиот е сѐ, само не здрав.

Додека власта брза кон ЕУ преку уставни измени, најмалите и најмилите, во градинките јадат расипано овошје.

Се води кампања „Здрав оброк за секое дете“ од страна на министерот за земјоделие Николовски и министерката Тренчевска, кои тврдеа дека: „производите како кајсии, праски, сиви, круши јаболки се од прва класа произедени во домашни овоштарници под строг мониторинг на ДИЗ и АХВ кои ќе го контролираат квалитетот и безбедноста, но реалноста е сосем нешто друго.

Секојдневно родителите чии деца одат во градинка, се жалат дека нивните деца добиваат расипано овошје за ужинка, како и несодветна храна за нивна возраст.

Министерката Тренчевска ветуваше дека посебно ќе се заложи за најмалите и дека ќе направи целосна ревизија на нормативите и стандардите за исхрана и оброци на децата во детските градинки, во насока на нивно унапредување и усогласување со потребите за правилен раст и развој на децата, но и понатаму гледаме дека воопшто не се води грижа што јадат децата во градинките.

Децата се нашето најголемо богатство и одговорност за ваквото несовесно однесување на надлежните мора да има !!!

https://www.facebook.com/levica.socijalen.sektor/posts/pfbid0hMMt1dejz82XwuKe3Kvqy98MQvXdo1yPZ7KxaZZuxQDRfYLMNzAJoKdWbphzCdfzl
Последно