Изјава на носителот на листа на пратеници во ИЕ 3 при политичката партија Левица, Борислав Крмов:

Со поголем број пратеници од Левица во Собранието, борбата ќе се мултиплицира, ќе се триплицира. Првпат по 30 години, македонскиот народ доби вистински народни претставници со двајцата пратеници на Левица.

Левица е коректив на сите овие неправдини што ни се случуваат во Собранието и Левица мора да продолжи да расте како единствена автентична опција која што еден ден ќе дојде на власт!