Фејзбук статус на Проф. д-р Тамара Јованов – Апасиева

Од патриоти кои пеат македонски песни, веат македонски знамиња и се колнат во македонски херои, а во позадина крадат без усул и злоупотребуваат позиции и функции.

Од самопрогласени градски фаци, кои во суштина се празни личности и несигурни во себе до степен да се срамат што се Македонци, Балканци и посакуваат да станат Европјани по секоја цена, заборавајќи дека тоа веќе се.

33 години вакви си менуваат столчиња, затоа што беа доволно “паметни” да поробат доволен број луѓе за егзистенција, или да ги направат лојални клиенти, за да можат да ги контролираат кога и како ќе посакаат.

Робот пак, ни арно видел, ни за арно плаче.

А по наредба на господарот, кадарен е и “жив да те изеде”.

И сега, тие ваквите, немаат ни грам срам да бидат на улици, да се кочоперат на телевизии и пак да ветуваат празни флоскули, а притоа да се однесуваат надмено кон сите други, убедени дека нешто ним природно им припаѓа, некој нешто им должи или уште полошо – дека баш тие се од бога дадени за да владеат.

Си ги покажаа и едните и другите роговите по над 15 години на власт.

Ако ни е арно, тогаш веројатно прават како што треба.

Ако не чини, тогаш веројатно треба нови луѓе?

Но едно е сигурно – на овие душмани на народот, НИКОЈ НИШТО НЕ ИМ ДОЛЖИ, ниту се од бога дадени да владеат!

До нас е.

Ќе видиме наскоро колку мудрост имаме.