Изјава на САШКО ЈАНЧЕВ, носител на листата за пратеници на Левица во ИЕ 4, во која рече:

“Во изборна единица четири се Струмичко-Радовишката, Гевгелиско-Валандовската Котлина, Тиквешијата и голем дел од Пелагонија.

Имаме златно поле и штета е луѓето да имаат ваква дедовина, да имаат се, а да го бараат спасот некаде во странство.

Затоа Левица во својата програма предвидува сериозна државна интервенција во земјоделието која се состои од:

– Разбивање на зелената мафија на прекупци;

– Планско производство на земјоделски производи со цел да нема вишоци и недостатоци на производи;

– Државни откупни центри;

– Државни ладилници од кои ќе се снабдуваат со храна градинки, училишта, болници, армијата;

– Стоковните резерви да се пополнуваат строго од домашно производство со однапред склучени договори со земјоделците и производителите;

– Аграрен максимум односно забрана малку луѓе да можат да го откупат целото земјоделско земјиште;

– Стимулирање задругарство;

Крајна цел ни е прво да произведеме храна за Македонија, а потоа државата да се вклучи во пронаоѓање пазари во странство.”