Кинеската економија со енормен раст на БДП

Кина забележа годишен раст на БДП од 5,2% во првите три квартали од 2023 година, што укажува на постојан и стабилен напредок, според официјалните податоци објавени во средата, јави агенцијата Анадолија.

Според Шенг Лајјун, заменик-шеф на Националното биро за статистика, овој раст обезбедува силна основа за Кина да ја постигне својата годишна цел за раст од 5%. „Закрепнувањето на Кина го обновува темпото со посигурна основа, главно благодарение на потрошувачите кои се расфрлаат во текот на летото и посилното од очекуваното индустриско производство“, рече Брус Панг, главен економист и шеф на истражување во JLL Great China, за CGTN со седиште во Пекинг.

Помеѓу јануари и септември, имаше раст од 3,1% на годишно ниво на инвестициите во основни средства.

Истиот период забележа пораст од 4,0% на индустриското производство со додадена вредност, а продажбата на мало на стоки за широка потрошувачка се зголеми за значителни 6,8%, надминувајќи ги очекувањата на аналитичарите.

Шенг, исто така, рече дека во септември, урбаната невработеност паднала за 0,2% процентни поени на 5,0%, што бележи два последователни месеци на опаѓање.

Шенг додаде дека подобрувањата во ситуацијата со вработувањето служат како клучен мерач за економско заживување и сигнализираат поволна промена.

Превземено од: Pari.mk

Последно