Исмаил: ДПМНЕ освен што практично го гуши Градот Скопје уште и идеолошки го слабее националниот идентитет!

Советникот од Левица во Град Скопје, Реџеп Исмаил Хактан, на својот фејсбук профил сподели искуство од последната Седница во Советот на Град Скопје. Преку практичен пример Исмаил објасни за тоа на кој начин и со која цел советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ преку Советот го гушат Градот и заговараат политики на јавни набавки и тендери. Подолу, во целост ви го пренесуваме постот на Исмаил.

Ова е само еден пример КАКО и ЗОШТО дпмне преку Советот го гуши градот Скопје.

Минатата година, по дадена идеја на советничката група на Левица, администрацијата на градот Скопје конечно почна да прави обиди за максимално искористување на капацитетите кои претпријатијата на Градот ги имаат, во насока на давање на услуги за меѓусебните потреби на секое од нив, вклучително и за потребите на Градот како и неговите Јавни (културно-образовани) установи. Тоа е еден вид стратегија за усогласување на потребите и услугите кои претпријатијата можат да си ги дадат меѓу себе без да одат на задоволување на тие потреби преку јавни набавки освен кога тоа е неопходно, односно, доколку нема кој од претпријатијата или Установата да им ја понуди таа услуга. На тој начин, не само што се заштедуваат огромни средства, туку и во голема мера ја намалува можноста од корупција.

Една таква идеја беше спроведена 2022 година, каде Град Скопје донесе одлука да сервисирањето на возилата во сопственост на градот како и основниот сервис на БПЗ возилата да се прават во јавното претпријатије ЈСП. И како пилот прокет тоа помина сосема задоволително. Арно ама, дојде време таква одлука да се донесе и за оваа година, односно за 2023 та година. Одлуката веќе трет пат се наоѓа на дневен ред НО поради „не гласање“ без образложение на советничката група од ДПМНЕ таа не го добива потребното мнозинство.

Она што е ново во однос на оваа седница на Советот е тоа што при расправата по точката за споменатата одлука, на предупредувањето од страна на администрацијата дека ако одлуката не помине ќе се зголеми ризикот од незгода на несервисираните возила, заменик координаторот на ДПМНЕ излезе и лабаво си кажа дека „имате закон за јавни набавки, отворете тендер“?! Со што станува јасно, исто како и во врска со приватните автобуси, зошто на ДПМНЕ не му оди во прилог сервисирањето на возилата да го прави ЈСП па заговара тоа да се прави преку тендер во некоја приватна фирма…

Не знам кој им ја продава таа магла на ДПМНЕ-вците дека националниот идентитет нема врска со економскиот модел. Тоа е една таква фарса што до сега направи страшна штета на македонската држава – дечки, нема национален идентитет во слаба држава, а нема јака држава кога пазарот ги истиснува нејзините институции и претпријатија, особено кога намерно и систематски не се поддржуваат и се истиснуваат јавните капацитети за давање на јавни услуги и притоа уште пак истите се заменуваат преку превземање на таквите услуги од страна на приватни лица – приватниот мајнцет не само што нема интерес за националниот идентитет туку за профит тој прв ќе го пушти низ вода целиот народ: неговиот јазик, идентитет па и традиција, што впрочем и се случи со Македонија.

Последно