Интервју со Јован Јанев: Студентите се соочуваат со нехумани услови

Јован Јанев е студент на правниот факултет при УГД, има поминато два мандата во Универзитетското Студентско Собрание при УГД, борец за студентски права, еден од најдобрите млади оратори, ракометен голман и уште многу други работи. Имавме прилика да седнеме со него и да поразговараме на неколку актуелни теми за студентите.

Вие сте па можеме слободно да кажеме еден од најголемите поборници за правата на студентите. Која е вашата оцена, каква е моменталната ситуација со т.н студентски стандард?

        Ј.Ј: Борбата за правата на студентите е и борба за правата на луѓето – сите нас. Со самото тоа ниту студентскиот ниту пак човечкиот стандард е на задоволително ниво. Ако повлечете една паралела е и доста идентично, имате држава каде имате студентски домови со субхумани стандарди а воедно и енормен степен на сиромаштија и инфлација, место каде и студентот и обичниот граѓанин денот го поминуваат со 100 – 200 денари додека имате и екс функционери кои јадат со златен прибор. Ми се чини дека борбата долго ќе трае.

Кој е најголемиот проблем со кој се соочуваат студентите во моментов?

        Ј.Ј: Корупција, непотизам и сиромаштија. Се додека нашите студенти гледаат како газдините синови си го паркираат џипот на 4 паркинг места од еднаш и не одговараат, размислуваат дали последните пари да ги потрошат на кифла или во обложувалница и јасно перцепираат дека на многу факултети па и средни и основни училишта оцени се ставаат по однапред одреден ценовник, конекции и познанства – сите колективно се движиме кон голема бездна.

Eвидентно е дека државата воопшто се интересира за проблемите на  студентите, зошто мислите дека е тоа така и дали очекувате пристапот да се промени?

        Ј.Ј: Не е ништо ново државата да не се интересира за својот подмладок затоа што најголемиот приоритет во “Светот на возрасните” и политиката е евидентно само да се заработат пари на нелегален начин. Гласот на студентите се слуша само пред избори – кога потребни се гласови. Но ги охрабрувам студентите да ги отворат своите очи што е можно побрзо, да го видат сопствениот пастир кои тие сами го избираат и наместо тој да ги стрижи нив – ситуацијата да биде обртна.

Покрај студентски активист, исто така сте и најдобриот млад оратор во Македонија, имате повеќе пати спомнато дека организирате ваш сопствен уникатен ораторски натпревар, може ли нешто повеќе да ни кажете околу тоа?

J.J: Најпрво благодарам на комплиментот иако “најдобар” е дискутабилен поим затоа што секој има свој вкус. Да, организирам свои ораторски вечери кои ќе бидат доста уникатни и ќе го претсават спојот на драмата, ораторството и уметноста во една целина. Важно е ние како млади да се обидуваме, да креираме најмногу што можеме затоа што така ќе добиваме идеи и продукти со кои ќе движиме напред.  За настанот ќе бидете дополнително известени затоа што е во рана фаза на подготовка но, очекувајте патување низ историјата и незаборавни искуства, ораторството е уметност.

Последно