Европската Унија во петокот заклучи дека сака да соработува со Кина врз основа на еднакви пазарни услови.
– Европската Унија и Кина остануваат важни трговски и економски партнери и ЕУ ќе се стреми да обезбеди еднакви пазарни услови, така што трговските и економските односи се избалансирани, реципрочни и заемно корисни – се наведува во заклучоците што ги усвоија лидерите на земјите-членки на крајот од нивниот самит во петокот.
– Европската Унија ќе продолжи да ги намалува критичната зависност и ранливоста, вклучувајќи и во однос на синџирите на снабдување, и ќе го намали ризикот и ќе го диверзифицира онаму каде што е потребно и соодветно – се наведува во заклучоците, додавајќи дека Европската Унија не сака да се „одвои“ од Кина.
Германскиот канцелар Олаф Шолц исто така ја истакна потребата од продолжување на соработката со Кина, додавајќи дека економската соработка треба да продолжи во неколку области, вклучувајќи ги и климатските политики и безбедноста на храната.
Превземено од: https://novamakedonija.com.mk/svet/evropskata-unija-saka-da-sorabotuva-so-kina/