Од политичката партија Левица реагираат дека градоначалникот на општина Аеродром од редовите на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ на шверцерски начин се обидува да го протне катастрофалниот дуп ЈИ09 на седница на совет.

Во прилог соопштението на политичката партија Левица, ЛО Аеродром

Во моментов на седницата на Општина Аеродром, најнеспособниот градоначалник во заминување Тимчо Мицунски шверцерски го протнува дупот ЈИ09 како дополнителна точка на дневен ред. Жителите на Населба Лисиче се предадени и изиграни!

Ова е срамно и жално како ДПНЕ шверцерски се поигрува со народот го протнува ДУПОТ што ќе го загрози животот на жителите на Аеродром.

Дополнително на самата седница има пречки во преносот во живо.

Намерно се поигруваат со судбините на луѓето!

Исто така со реакција се јави и здружението „Да го зачуваме Лисиче“ кое организираше неколку протести против овој штетен ДУП, во прилог нивната реакција во целост

Комшии, без претходна најава е ставен на дневен ред за гласање ДУПот за градска четврт ЈИ09 блок 09.01 и со тоа е оневозможено да го оспори како што беше ветено советничката група на Левица и нас како неформална комшиска иницијатива. Практично, ускратено ни е правото е да се организираме на ненасилен протест со кој што би го блокирале носењето на ДУП-от.

Логото на „Да го зачуваме Лисиче“

Историјата ќе го памети градоначалникот Тимчо Муцунски и партијата ВМРО-ДПМНЕ како предавници на граѓаните кои ги гласале, одејќи против нивната волја, искажана на повеќе од 3 анкетни листови, а за свои лични и партиски лукративни интереси!

За крај, Ви ветивме само чесна и искрена борба против градежната мафија, и останавме достојни на себеси, но корумпираните советници на ВМРО-ДПМНЕ ја одлучија нашата судбина.

Овој ден ќе биде запаметен во историјата како ден кога населба Лисиче како што сите ние ја знаеме УМРЕ.