„Шест часа траеше почетокот на блокирањето на погубниот ДУП.

Ќе беседам од говорница со денови, ама нема да поддржам погубен детален урбанистички план. Предлог деталниот урбанистички план за населбата Силекс во Кавадарци е погубен и во спротивност со принципите на просторно и урбанистичко уредување. Истиот предвидува нови улици на местото на постоечките паркови, како и една особено опасна нова улица, на ерозивно подрачје, веднаш до коритото на реката Луда Мара. Овој ДУП повеќекратно паѓаше на јавните анкети со граѓаните кои живеат во населбата Силекс, а до Левица пристигнаа премногу реакции, нема да останеме неми на ова своеволие.

Пред околу два месеца почна постапка за амандманско блокирање на донесувањето на овој ДУП со 365 амандмани.

-На претходната седница за која иницијално беше најавено донесувањето на овој ДУП, предлагачот ја повлече точката од дневен ред. Беше кажано дека моите постапки се популистички и смислен обид да ја блокирам работата на општината пред парламентарните избори. Имаше шпекулации во јавноста и дека јас се обидувам да ја блокирам можноста сопствениците на околните парцели да градат објекти за индивидуално домување, што не е вистина. Левица ја поддржува секоја иницијатива на млади луѓе кои сакаат да основаат дом, но во граници на законските одредби, со цел да следните генерации живеат во хумана, здрава и безбедна средина!“ – напиша советникот од редовите на Левица во Советот на општина Кавадарци.