Соопштението на Синдикатот на администрација и државна управа на Македонија

Синдикатот на администрација и државна управа на Македонија – САДУ има морална одговорност да ја извести јавноста, особено  сите вработени во јавниот сектор за кој важат Законот за административни  службеници и Законот за вработени во јавниот сектор во однос на прес-конференцијата на министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу.

Имено, законите кои во вторник треба да бидат во собраниска комисија со европско знаменце, пред се го немаат поминато филтерот на Економско социјалниот совет – ЕСС и истиот е со различен текст од оној што беше ставен на ЕНЕР и можеше јавно да се коментира.

Го прашуваме министерот дали е европски од законите да се извади минималната плата и да нема усогласување на платите за сите вработени и дали е европски да се прави дискриминација помеѓу вработените, едни да добијат 15% покачување, а други 0%.

Мораме да кажеме дека за претходниот закон кој е сличен на овој имаше и мислење од Државната комисија за заштита од дискриминација и овој закон произведува уште поголем непотизам и клиентизам наспроти европските вредности на мерит системот.

Синдикатот на администрација и државна управа на Македонија во текот на изминатата недела се обрати до сите пратеници, го искажа своето негодување, даде свои забелешки и ги повика сите пратеници да отфрлат ваков лош закон.