Според најновиот Индекс за глобални права на Светската Конфедерација на синдикати, објавен во 2023 година, се утврдува дека состојбата на работничките права во Македонија продолжува да биде критична.

Според погореспоменатиот Индекс, Македонија заема дел од групата од 79% од земјите во светот каде што се утврдени намаливања во областа на правата за колективно преговарање. Во истиот контекст, забележано е дека и други земји, како Холандија и Црна Гора, се соочуваат со слични предизвици.

Исто така, Македонија е една од земјите чиј рејтинг се погоршил во 2023 година, според ИТУК. Оценката на работничките права на земјата е 4, во рамки на оценки од 1 до 5+ (1- за земји каде правата се спорадично прекршуваат, 5+ – за земји каде нема гаранција за правата). Македонија се наоѓа на листата на земји каде што работничките права системски се прекршуваат. На истата листа од регионот и Европа се и други земји како Србија, Грција, Романија, Унгарија и Турција. Покрај нив, на листата се и земји од Трет свет, како Тобаго и Тринидад, Либерија, Лесото, Мавританија, Нигерија и други.