Црвена Младина Прилеп: Дали некој сака да го уништи Пивофест?

Реакција на Црвена Младина – Прилеп

Другарки и другари, вчера на (28. 06.2023 година), организаторите на фестивалот на пивото, Пиво-Фест Прилеп, соопштија дека оваа 2023 година нема да се одржи фестивалот и дека се одложува за следната 2024 година. Не е јасно зошто фестивалот може да се одложи за следната година, кога истиот редовно се одржува, веќе дваесет години во месец јули.

На последната седница на советот на општина Прилеп беше усвоено дека Пиво – Фест ќе се одржи од 13 – 16 јули и беше доделена локацијата. Но не е јасно зошто и од кои причини нема да се одржи овогодишниот фестивал на пивото.

Дали тоа е пропуст на општината Прилеп и нејзиното раководство или пропуст на организаторите или се крие нешто друго??? Се поставува прашањето: Дали Пиво – Фест ќе се одржи следната година, или ќе остане само минато за Прилеп ???

https://www.facebook.com/prilepcrvenamladina/posts/pfbid0WL1pckf2YDMVax1KVFKr6YYs33HejqUPyP2hzq5Z17Dy2rTjo3mMniQ4BPpes2pUl
Последно