Реакција на сектор спорт при политичката партија Левица
Од ФК ВАРДАР информираат дека добиле понуда од страна на бугарска фондација да го откупат клубот и истиот да стане бугарски, но од клубот е одговорено дека истиот не е на продажба!
Бугарските служби и здруженија се веќе спремни со веб страна која го претставува клубот како да е бугарски и упорно сакаат да се здобијат со сопственост на еден од најстарите и најуспешните клубови во Македонија!
Понуда од бугарски здруженија добиле и од ФК БРЕГАЛНИЦА од Делчево и од клубот експресно е одбиена оваа понуда.
Очигледно е дека некогашниот фашистички окупатор, покрај уставот пробува да се наметне и во македонскиот спорт кој што СДС и ДУИ го оставија на најниско ниво, па оттука и храброста на бугарските здруженија да почнат со откуп на македонски спортски клубови. Ако можат да не уценуваат со Уставот, зошто да не навлезат и да превземат се што е македонско?!
Ги повикуваме надлежните институции да покажат доблест и да го заштитат националниот спорт и спортските клубови.
Затоа НЕ за уставните измени и НЕ за окупација на македонскиот спорт!