Апасиев: Управни судии ја отфрлиле тужбата за референдум повикувајќи се на непостоечки законски одредби

Фејзбук статус на претседателот на Левица – Проф. д-р Димитар Апасиев

Управните судијки Дитурије Елези НЕЗИРИ + Ана ГЕРАСИМОВСКА + Даниела АНТОВСКА ми ја отфрлиле тужбата против Собранието на РМ (и неговиот претседател Талат Џафери) и се прогласиле за ненадлежни – повикувајќи се на чл. 67, ст. 3 и 4 од од Законот за референдум.

И сè би било ОК, арно ама, баш тие законски одредби се непостоечки во нашиот правен поредок, затоа што Уставниот суд нив ги укина уште во 2006 година! Значи, и после 17 години, кутрите судијки не знаат кои одредби се во правна сила, а кои не!? И овие ликови ни делат „правда“ у Севернава.

p.s. Е вакви гревови ја донесоа и пресудата за отворање на Рудникот на смртта во Струмица.

https://www.facebook.com/ApasievLevica/posts/pfbid0sVKevgmHx97n4QxN2QnV34b639xv5TXbp5xBQeiJMFfnGkTzfByToYnaH3eQBYJ5l
Последно