Апасиев: Антиработничките СДС И ДУИ го одбија законот на Левица за скратување на договорите за работа на определено време

Последно во долгата низа на антиработнички одлуки на владата предводена од СДС и ДУИ е таа да се одбије уште еден закон предложен од страна на единствената работничка партија – Левица.

Претседателот на Левица, Проф. д-р Димитар Апасиев на фејзбук напиша:

„Окупационата антиработничка власт на СДС+ДУИ го одби предлог-законот на Левица за измена на Законот за работни односи, со кој договорите за работа на ОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ ќе се намалеа од сегашните пет години на максимум шест месеци – по што работодавецот ќе беше должен да заснова договор за работа со работникот на неопределено време.“

Потсетуваме, оваа влада исто така дозволи 72часовна работна недела со која работниците ги врати назад во XIX век, претходно ги одби речиси сите законски измени предложени од Левица со кои се бараше: Укинување на апанажата за функционерите, намалување на платите на функционерите кои СДС/ДУИ ги покачија 78%, воведување на апанажа за работниците, зголемување на додатокот за Лицата со попреченост од 78%, и многу други законски измени кои беа во насока на заштита и подобрување на стандардот на обичниот човек.

https://www.facebook.com/ApasievLevica/posts/pfbid02NsLXqKc7cWzhpPrWBLSLmv5Nd1SoyRwLYuTAqw2wJrgDfLCm2q4hgFBuBi9kpNfml
Последно