Соопштение на политичката партија Левица
Управувањето со Клиниката за Онкологија беше дел од преговарањето на владиното мнозинство во неколку наврати, а СДС и ДУИ свесно учествуваа во организираниот криминален синџир во тргување со цитостатици.
Додека болните од рак на државната онкологија морале да даваат мито за да ја добијат инаку бесплатната терапија, други пак добивале физиолошки раствор несвесни дека ја губат битката со ракот заради опстанокот на криминалниот ланец за продажба на скапи лекови во Косово!
Уште пред 3 години беа обзнаени докази за КРАЖБА на цитостатици. Клиниката за онкологија имаше празен буџет и празна болничка аптека. Буџетската дупка од 12 милиони евра резултираше со оставка само на поранешниот директор доктор Нино Васев, додека правникот Нехат НУХИ (кадар на ДУИ) продолжи со функцијата како “организационен директор“. Партиска позиција за чие укинување за залага политичката партија Левица!
Според информациите во јавноста, во време кога организационен директор на клиниката бил Нехат Нухи, креирал список со лажни болни од канцер, меѓу кои имало и членови на неговото семејство. Лековите што наводно биле потребни за нив, се препродавале на црниот пазар во Косово!
Имаше уште еден обзнаен случај каде вработен на Клиниката, примил сто евра мито од пациентка, за да издаде терапија од аптеката на клиниката, иако таа имала медицински извештај од лекар и лекот требало да го добие бесплатно. Левица и тогаш предупреди дека постојат доволно докази за строга контрола на персоналот кој има пристап до цитостатиците!
СДС и ДУИ, а подоцна и останатите политички кадри кои добија дел од колачот на клиниката свесно учествуваа во црниот пазар, со тоа што македонските даночни пари покривале трошоци за набавка на скапи лекови кои се продавале во Косово.
МАНОЛЕВА, иако е на позицијата заменик-министер од март, таа беше дел од повеќе работни групи и влијаеше на одлуките во ресорот од 2017 година до денес. Филипче, Сали, Манолева и Меџити не постапуваа по указите од пациентите и медиумите за продажбата на лековите од онкологија!
Скандалот со кражба на лекови на онкологија ја потврди монструозноста на владеењето на хибридниот режим – каде највисоки инстанци се директно инволвирани во организираниот криминал на Онкологија. Колку пациенти се жртви на злосторничото владеење на СДС и ДУИ?!