Црвена Младина го повика Османи да ги осуди воените злосторства од страна на Израел

Реакција на Црвена Младина

Македонците и Палестинците имаат слична, трагична судбина, благодарение на заедничкиот душман – Британската држава, која е директен виновник за страдањата на овие два народа и историската неправда која ја трпат.

И во Македонија и во Палестина се извршени два егзодуси, едниот за време на Граѓанската војна во Грција од 1946 – 1949 година, кога било протерано македонското население од Егејска Македонија и бил извршен геноцид врз македонците кои учествувале или го помагале комунистичкото движење. Другиот во Палестина кој трае од 1948 година, а кулминира денес со геноцидот од страна на Израел.

Егејците убивани со напалм бомби на британските пилоти, а Палестинците се оставени на милост и немилост и соочени се со недостиг на вода, струја, интернет и масовно бомбардирање.

Ние како угнетен народ, не смееме да премолчиме кога и други народи се угнетувани исто како нас. Не можеме да сме анти-империјалисти, а да не покажеме солидарност кон палестинскиот народ во овие моменти.

На крај, со паролата пред МНР, го повикуваме Бујар Османи да ги осуди воените злосторства од страна на Израел.

Последно