Левица: Порталот „Цивил“ започна црна пропаганда против учесниците на протестот против рудникот на смртта

Реакција на зелениот сектор при политичката партија Левица

Платениците на власта започнаа црна кампања против учесниците на еко протестот во Струмица кои едногласно кажаа НЕ за отворање на рудникот на смртта.

Продолжената рака на власта, медиумот “ЦИВИЛ” прибегна кон клевети и лажно претставување во обид да ја оцрнат оваа праведна еко-борба.
Информирајќи тенденциозно, клеветнички и со гебелсови манири, црните пера од ЦИВИЛ згазија врз искрените намери на илјадниците протестанти кои обединети дојдоа од сите градови во Македонија и од речиси сите политички партии.

Тврдењето дека на протестот доминирале знамиња од Вергина и дека наликувал на партиски митинг е намерен обид да се заведе јавноста и да се минимизира јасно изразениот гнев на активистите кон слугите на капиталот .

Потсетуваме дека на т.н. партиски протест присуствуваа и министерките за животна средина и труд и социјала, како и нивни колеги новинари кои професионално и коректно ја информираа вознемирената јавност за случувањата во Штука и Иловица.

Употребата на знамиња и транспаренти од различни групи во рамките на протестот е вообичаено и во никој случај не ја нарушува легитимноста на целта.

Со фокусирање на таквите површни аспекти, “ЦИВИЛ” го одвлекува вниманието од суштинското прашање .

Еко-протестот кој се одржа во Струмица е одраз на обединето и одговорно граѓанство загрижено за потенцијалната штета предизвикана од отворањето на рудникот Иловица-Штука.
Обидот да се оцрни ова движење со лажни наводи и политизација е нечесен, пакосен, штетен и клеветнички чин, изнуден исклучиво од лукративни причини.

Јавноста ги жигоса овие измамнички тактики и ги препозна благородните намери на еко-активистите од југоисточниот регион.

Заштитата на животната средина е одговорност на сите, а правото на мирен протест мора да се почитува без никакво непотребно мешање или клевета.

Зелениот сектор на Политичката партија Левица продолжува будно да ги следи сите случувања во струмичката котлина и ќе продолжи да ја поддржува праведната и хумана борба на граѓаните и еко активистите од овој реон.

РУДНИК НЕМА ДА ИМА !!

https://www.facebook.com/levicazelen/posts/pfbid0CPN9o4FpyHG3tyDeZsFVF4vqDNrA2ZCrCp6c1KX253dN3RYmF94L3z76jxeUuoV5l
Последно