Левица и Црвена Младина со поддршка на протестната блокада против рудникот на смртта

Соопштение на политичката партија Левица

Политичката партија Левица безрезервно ја поддржува протестната блокада на активистите од „Здрава Котлина” и струмичко која ќе се оддржи на 15 јули во Струмица и која има за цел одбрана на Струмичка котлина, југоистокот и Македонија од рудникот на смртта “Иловица-Штука”.

Силите на Левица, како и досега, се на целосно располагање во оваа борба.

Воедно го повикуваме народот масовно да се приклучи како во оваа блокадата, така и во понатамошната борба против ова зло кое демне над Македонија.

РУДНИК НА СМРТТА ВО ИЛОВИЦА НЕМА ДА ИМА!

https://www.facebook.com/PartijaLevica/posts/pfbid0EWDbK7uAkwts1eZWCaztuSNXwFzVeHs7qgCAWxe3LjueWF6GUwPGP764qscda1tYl

Соопштение на подмладокот на Левица – Црвена Младина

Црвена Младина како единствен автентичен левичарски подмладок дава безрезервна поддршка на протестната блокада организирана од страна на „Здрава Котлина” и граѓаните на Струмица која ќе се оддржи на 15 јули до градскиот пазар „Глобал“ против повторно отварање на рудникот на смртта “Иловица-Штука”.

Причината за оваа протестна блокада е олигарската лажно-левичарска влада предводена од криминогените партии СДС и ДУИ, и нивните слуги – корумпираните судови на 4 јули во Службен весник ја објавија Одлуката за спојување на двете концесии за рудникот Иловица и со тоа се на чекор да го отворат проект рудникот „Иловица-Штука“ на огромна штета на населението и природата!

Рудникот „Иловица-Штука“ има намера да го отвори меѓународната корпорација „Еколог“ Назиф Дестани, основач на компанијата „Еколог“ преку негова фирма во Холандија на 24 јануари годинава вложил три милиони долари во акции од компанијата „Еуромакс“. Семејството Дестани е многу блиску до криминогената „зелена“ ДУИ, толку многу што таткото на Назиф Дестани, Љазим Дестани беше споменуван како кандидат на ДУИ за премиер.

Црвена Младина ги повикува сите млади и еколошко свесни граѓани да ја поддржат оваа протестна блокада и да не дозволат отварање на РУДНИКОТ НА СМРТТА.

https://www.facebook.com/crvenamladina/posts/pfbid0jf7oH2Tihnev3k8wnYFQyDk1psR9zhbQtbQ1Kc4SuQMGjERTQZBin2qoajwsd42Sl
Последно