За кого се носи законот за „Бехтел и Енка“ во македонското собрание?

Круме Богевски

Бехтел и Енка имаат низа на скандали поврзани со изградба на автопати во Хрватска, Романија, Косово, Албанија, а од утре и во Македонија.

Кристофер Дел, дипломат, номиниран од Барак Обама да ги претставува САД во Приштина, беше вработен во корпорацијата Бехтел, на која и помогна да добие договор за изградба на автопат кој ги поврзува Албанија и Косово.

Неговото вработување во Бехтел, најголемата американска инженерска и градежна фирма, поттикнало дебата за контроверзниот проект во Албанија и Косово.

Питер Фејт, високиот дипломат на ЕУ во Косово кога беше обезбеден договорот, го критикуваше начинот на кој американскиот амбасадор го протурка договорот и повика на истрага. Фејт го обвини Дел дека криел информации за договорот со Бехтел и дека лобирал на Косово да се согласи на, како што вели „непромислениот договор со една американска компанија“, што извршило огромен притисок врз буџетот на земјата.

Рутина е западните амбасадори да ги туркаат деловните интереси на компаниите од земјите од кои доаѓаат. Но, невообичаено е поранешен дипломат да се вработи во голема корпорација откако ќе го искористи своето влијание за да обезбеди профитабилни владини договори.

Откако беше назначен за амбасадор во 2009 година, Дел имаше огромно влијание во Косово, каде што САД нашироко се гледаат како надзорна сила и се ценети за нивната улога во обезбедувањето независност.

Како меѓународен цивилен претставник во Косово меѓу 2008 и 2012 година, Фејт беше другата голема фигура во земјата, на која САД и ЕУ ѝ доверија широки овластувања. Неколку години Фејт и Дел служеа рамо до рамо, двајцата највисоки странски функционери кои ја надгледуваа кампањата на Косово за признавање како суверена држава по војната во 1999 година.

Во времето кога Дел ја охрабруваше владата на Косово да го потпише договорот за автопат, Фејт рече дека има голема загриженост за доделувањето на огромниот договор на конзорциум составен од Бехтел и нејзиниот партнер, турската фирма Енка.

Првичната понуда беше да се заврши косовската делница од автопатот за 400 милиони евра. Цената последователно се зголеми на 660 милиони евра, за 102 километри пат. На крајот, проектот чинеше 820 милиони евра за она што се покажа дека е само 77 километри автопат. За споредба, вкупниот буџет на Косово во 2012 година изнесуваше 1,5 милијарди евра.

На ред е Македонија?

Фејзбук статус на советникот во општина Кавадарци од редовите на политичката партија Левица.

Линк до оригиналната објава: https://www.facebook.com/photo/?fbid=6172807739466617&set=a.107403599340425

Последно