Претседателскиот кандидат на Левица, Проф. Билјана Ванковска на фејзбук напиша:

Кога бев дете на часовите по историја учевме за Обзнаната (во Кралството), и денес ми е тешко и да поверувам дека нам ни се случува нешто слично со Законот за рестриктивни мерки.

Разликата е во тоа што во она време едно автократско кралство донело закон по своја волја, суверено! Денешната божем демократска држава ги подложува своите граѓани на волјата и на властите (и разузнавачките служби) на туѓи држави. Американските и британските граѓани имаат право на одбрана и уживаат презумпција на невиност, но овде “црната листа” на странска држава е над уставот и Законот.

Никој не знае како и зошто странски држави селектираат и ставаат на црна листа луѓе, особено во ситуација кога не се многу гадливи кога амнестираат и поставуваат на водејчки позиции лојални ликови (т.н. стабилократија).

Правото го прогласувам за умрено. Ни правична постапка, ни презумпција на невиност, ни доказна постапка, ништо… Под превез на битка против корупција и организиран криминал, како колатерална жртва ќе отидат курбан и многу други кои геополитичките центри на моќ ќе сакаат да го елиминираат со квазиправни средства.

Овие докажуваат дека не сакаат да водат држава, туку сакаат камшикарите да водат територија и по основ на т.н. хибридни закани. Пошпекулативен термин нема и отвора врата за “обзнана”.