Анализа на воениот експерт Дарко Тодоровски

Интересни настани се развиваат околу Хутите и пловидбата во Црвеното Море

Како што се сеќавате, со избувнувањето на борбите во Газа, Хутите почнаа да ја напаѓаат израелската територија со рекети и беспилотни летала. Но, се покажа дека нема никаков ефект: долгото растојание им дава време на израелската противвоздушна одбрана и на американските воени бродови да ги откријат и одбијат нападите.

Тогаш Хутите ја сменија тактиката и почнаа да напаѓаат трговски бродови на израелски сопственици или бродови кои носат товар во Израел. Ирански извидувачки брод пристигна во Црвеното Море и истиот ги лоцира целите неопходните цели и ги наведува Хутите, плус иранските беспилотни летала кои се занимаваат со извидување. Веќе се погодени десетина трговски бродови и танкери, еден фатен. Денеска вест дрон камиказе нападнал израелски танкер веднаш до брегот на Индија.

Американската флота, најмоќната флота на светот во моментов не може да ги заштити трговците. САД започнаа да собираат поморска коалиција на европски сојузници. Како што минуваше времето, една по друга, големите бродски компании почнаа да ги вртат своите бродови околу Африка, за да не ризикуваат.

Но, она што е чудно: Јенките не беа во можност да соберат коалиција на сојузници за да ја обезбедат поморската трговија. Речиси сите Европејци одбија да испратат воени бродови. Зошто?

1. Јенките немаат способни адмирали и политичари кои го познаваат регионот. Французите со скандал го напуштија првиот состанок околу новата коалиција против Хутите.

2. Американците навистина немаат исправни бродови. Нивните разурнувачи од класата Arleigh Burke во регионот се многу истрошени и во лоша состојба, а екипажите се заглавени на море многу долго. Носачите на авиони и подморниците нема да помогнат при ескортот – бидејќи треба да бидете во можност да соборувате проектили и беспилотни летала.

3. Прикривањето и ескортот се МНОГУ скапи и многу ризични. Европските буџети сега се слаби. А една противвоздушна ракета чини над 1 милион долари. А и бројот на самите ракети е малечок. И каде попрво, Украина, Црвеното море, или за свои потреби.

4. Хутите НЕ го напаѓаат нафтениот сообраќај кон Европа. Танкерите пловат слободно. И тие одат во Европа. Никој од Европејците не сака да ризикува со нафтена криза.

5. Ниту една од Арапските држави во регионот не сака да обезбеди база за операција против Хутите.

Вака сега лукавите Персијци и Хутите во влечки и со калашникови га фрлија на колена САД – владетелот на морињата.

Следуваат интересни времиња во Црвеното море…