Фејзбук статус на Дарко Ристовски кандидат за градоначалник на општина Карпош и координатор на ИТ секторот при политичката патија Левица
Здраво Карпошани,
Ред е да ги разобличиме манипулациите од ова сооштение подолу, пасус по пасус, да посочиме како треба да се однесува еден градоначалник кон граѓанитe и како се носат квалитетни решенија во име на тие кои Ве избрале.
Градоначалникот Јакимовски утрово немаше никакво обраќање во живо пред граѓаните на општината туку беше во општинската барака. Граѓаните беа пред Факултетот за туризам и чекаа да почне седницата на Советот.
Градоначалникот Јакимовски демантираше дека со измените на ДУП за ЈО3 блок 2 ќе се граделе 5 згради. Никаде не кажа колку згради се планирани да се градат. Габарит? Станбени единици? Паркинг места? Пристапни улици? Класичен дефокус од темата.
Градоначалникот Јакимовски се пофали дека фонтаните, зеленилото, парковите и игралиштата ги изградил лично тој и немал намера да руши. Нека одговори со чии средства ги изградил сите тие објекти? Дали со лични или општински пари?
Градоначалникот Јакимовски замислете ни спасил цели 18 метри од профил на булевар кој требал да биде 78 метри наместо досегашните 60м. Спроведувал ГУП оставштина од Коце плус ја спасувал општината. Каков филантроп!!!
Градоначалникот Јакимовски денес само се појави на седницата за да ја прекине и да ги повлече општинските службеници заедно со опремата за снимање иако нема ингеренција да го направи тоа.
Претдедателот на Советот на Општина Карпош, Бранко Ристов користејќи ги ингеренциите и можностите согласно Законот за локална самоуправа, статутот и деловникот, ја продолжи седницата на советот.
По кратката дискусија за деталниот урбанистички план Ј03 Блок 02, тој беше ставен на гласање. Советниците на Левица Левица – Карпош, како што најавија и претходно, не го поддржаа овој урбанистички план, гласаа против и тој не беше изгласан. Исто така, против овој ДУП не гласаа советниците од Независни за Карпош, ДПМНЕ и СДС.
Денес Карпошани покажаа сплотеност и пркос кон погубните одлуки кои би ја обезличиле нашата општина.
На Карпош конечно му треба градоначалник кому приоритет ќе му бидат интересите на граѓаните, пред интересите на бизнис- елитите и урбаните атентатори.