Најголемиот концетрационен логор во светот

Пишува: Ивана Котлар

Појасот Газа грубо може да се спореди со Варшавското гето или Терезиенштад, денес Терезин во Чешка. Речиси два милиони луѓе набиени на 365 km², живеат под воена и економска блокада од страна на Израелците.

Целата област е опкружена со висок ѕид, бодликава жица, воени контролни пунктови и има само три гранични премини, од кои две водат до „израелска територија“ и една до Египет, (четвртата до морето). Доволно е само да се погледне скицата на безбедносните бариери, ѕидови, бодликава жица и забрана за да се разбере дека Појасот Газа е најголемиот концентрационен логор во светот во 21 век.

Неверојатно е дека народот кој речиси исчезна на тлото на Европа во Втората светска војна и кој Хитлер се обиде да го истреби во концентрациони логори, им го прави истото на Палестинците во Светата земја. За сите што можеби ќе се обидат да ми наметнат различни „вистини“, однапред велам – немој! Затоа што сето горенаведено го видов со свои очи додека престојував во Израел.

Тешко е да се опише количината на омраза на Евреите кон христијаните и Палестинците (а меѓу нив има многу христијани). И затоа, сите што од вчера повикуваат да се „избришат од списокот“ противниците на Израел во оваа приказна, нека си се тргнат. Не ми се допаѓа ексклузивноста или дека сме поделени во се, но и таквото ниво на нетрпеливост на различни (аргументирани) ставови е неподносливо, глупаво и незрело. Еве, јас сум за слободата на Палестина и против концентрационите логори на кој било народ на овој свет.

Последно