Михаиловски: Релативизирањето од страна на СДС за убиствата на онкологија

Пишува: Андреј Михаиловски, член на Црвена Младина

Уше сум у благ шок како и покрај овој громорозен скандал (систематско требење на луѓе болни со рак за суров профит) овие ладнокрвно мењаат кривичен закон и по втор пат (сега по брза постапка со европско знаменце) ќе поткупуваат медиуми за да ја намалат покриеноста на општиот гнев, а у спат да ја развиваат таа апатија што го доминира овој народ ради нивни шарлатански и опортунистички КАРИЕРНИ, а не политички, интриги. Па, уше играат пингпонг и се криват меѓу себе (СДС и ДПМНЕ) за ПР.

Мислам дека ако Ваташа се случеше во ова време, ќе беше изрелативизирано до јаја, некако младинците ќе испаднеле дека си го бараат, па може и тастерите што ги издале младите и би добиле орден за храброст со благослов од премиер и претседател. А, единствената партија (Левица) што искочи со безрезервна поддршка и што упорно ги обелоденува низата скандали што секојдневно се случувале на онкологија се оцрнува и дури па, после сите соросписки статии и џабировски пропаганди, испаѓа дека таа е најкрива и ги злоупотребува протестите.

Не водат психопати, а ги гласаат духовно и идеолошки хендикеприани овци. Како викаа порано СДС, не го ситни отпорот гласај за СДС? Епа ви се сврти наопаку, следни избори не го ситни отпорот и гласај за Левица, иначе за 2-3 години прашање дали ќе иаме држава, народ, култура, се бате, се. Што ќе ни остане е прашањето.

Се гледаме у понеделник, должност ни е. Пошо секој од нас може да легне болен, а ради овие скапаниве психопати, тоа повлекува импликација дека секој од нас може да умре, а не да оздрави.

Последно