Пишува: Никола Петров, член на ЦК на политичката партија Левица
“Во секоја современа нација има две нации” – изјави Ленин, мислејќи на класниот раздор на нацијата.
Ако се прашувате: зошто Левица не може да се вклопи, ниту пак има допирни точки со политиките на СДСМ – ДПМНЕ, ќе ви објаснам со една анализа од Ленин.
“Иако како определен општествен организам, како човечка заедница, се стреми кон свое единство, нацијата никогаш не е сосема хомогена. Во зависност од основните општествено – економски односи врз кои се засновува животот на нацијата, таа може да биде, помалку или повеќе разбиена на хетерогени и меѓусебно спротивставени делови, првенствено класи. Во услови на капитализам, јазот помеѓу двете основни класи, класата на експлоататори и класата на експлоатирани наемни работници е непремостлив, интересите на тие класи се меѓусебно непомирливи и несврзливи. Оттаму внатрешниот класен раздор на таквата нација е нејзината основна карактеристика. Класните призми, низ кои неминовно се посматраат и проблемите на нацијата, можат да бидат толку различни, што изгледа дека во општествено – економските интереси на таквите делови од нацијата не постои ништо заедничко.”
Иако сме иста нација, ние сме две различни класи, и следствено на тоа имаме различен класен интерес.
Класата експлоататори, ја користат политичката власт за задоволување на своите лични економски интереси (СДСМ – ДПМНЕ – ДУИ), експлоатираната класа (обичните наемни работници), преку своите политички претставници, има интерес да ги укине овие класни односи, и да воспостави бескласно општество кое ќе служи за општо добро на сите