Фејзбук статус на претседателскиот кандидат на Левица, проф. д-р Билјана Ванковска

На секоја моја средба со граѓани обично се појавуваат претставници на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР кои следат што се случува, разговараат со граѓаните, ама и со мене. Тоа се обично пријатни и коректни средби (на пример, со претставникот од Ливерпул малку разговаравме за лошата форма на фудбалскиот тим Ливерпул, а тој беше запрепастен дека следам фудбал, ем жена ем во кампања, хаха).

Но, вчера имав еден разговор што ми покажа дека некои од членовите на мисијата се преплашени од мојата програма. Човеков ми рече дека многу го плашел насловот на весникот/пропагандниот материјал под наслов (Р)Еволуција, но и мојата програма. Му објаснив дека неслучајно сме одбрале (р)еволуција, значи комбинација на револуционерното со еволутивното. Аха, тогаш не сте баш сигурни околу вашата револуционерна агенда, ми рече. А јас само му го цитирав Орвел: во време на општа измама, кажувањето на вистината е револуционерен чин.

ПОтоа ми кажа дека бил загрижен за нашето членство во ОБСЕ, покажувајќи ми ја неговата акредитација со знакот на организацијата. Дали ќе сум предложела Македонија да излезе и од оваа организација? Јас се изнасмеав: не. не, немаме ние проблем со ОБСЕ, ама вие си имате проблем со Русија – ако таа одлучи да ја блокира или напушти организацијата, тогаш тоа ќе биде нејзин крај.

На крајот прејде кон „руското влијание“ во земјава. Не имплицираше моја или на Левица поврзаност, ама зборуваше за силното влијание на Русија во земјава. Јас во чуденка! Велам, каде го гледате? А тој, во стилот на Бујар Османи, во Лукоил бензинските пумпи! Јас да умрам од смеа! Му велам, кога полниме бензин, нам ни е важно да е да го има, да е добар, услугата да е коректна – и да има чисти тоалети.

Сепак, најголемо чудење ми создаде фактот што човек кој е возрасен и потекнува од Копенхаген не знаеше ни дека постоеше COPRI – Copenhagen Peace Research Institute – ниту знаеше кој е Хакан Виберг и Јохан Галтунг (татковците на мировните студии). А работи за ОБСЕ!