Пишува: Влатко Токарев, член на правниот сектор при политичката партија Левица и магистер по право на универзитетот во Кембриџ

Зa одложеното дејство на уставните измени многу кажува молкот на бугарските политичари. Бугарија е во предизборен период, а несвојствено за нив се откажуваат од лесните политички поени кои би ги добиле со остра реакција на нешто што не би требало да биде во интерес на Бугарија.

Јасно е дека попуштањето е заради посакуваниот благослов од странскиот фактор за формирање на влада. Но “патриотските” партии кои со наведната глава ова ќе го продаваат како победа пред гласачите треба да одговорат на следново прашање – Дали со самиот политички чин на парламентарно одобрување на додавањето на Бугарите како конститутивен народ во Македонија, без разлика дали со одложено правно дејство или не, Бугарија ги остварува своите цели? Промена на преамбула на устав е секако повеќе политички отколку правен акт, а изгласување таква промена би било политичка потврда од македонското собрание дека Македонија е држава и на бугарскиот народ. Со ова, Бугарија и бугарското малцинство овде би добиле поголем легитимитет и основа за сите свои понатамошни барања кон Македонија.

Блокирани кон ЕУ остануваме во секој случај, само со ослабнат кредибилитет и во полоша морална, политичка и правна позиција. На надворешен и на внатрешен план. Изгледа и за тоа достапредавства важи одложеното дејство.