Пишува: Реџеп Исмаил – Хактан – член на Презедиумот на политичката партија Левица
Тезата дека европската економија не може да опстане без Африка не е дословно точна. А клучно е да се знае зошто е тоа така, бидејќи на тој начин се добива вистинската слика за она што Ленин го нарекува -империјализам како крајна фаза на капитализмот-, односно, како буржоазијата (приватниот капитал) ги втурнува во војна народите само поради своите класни (економски) интереси.
Имено, како пример, Ирска има еден од највисоките БДП по глава на жител и нема колонии а и никакво влијание во Африка.
Во суштина, вистината е дека големите корпорации кои се во рацете на западната буржоазијата, а не на Франција, САД, Британија, се тие кои нема да преживеат без контрола врз ресурсите на Африка.
Имено, сите ресурси во Африка се експлоатирани од приватни компании, во сопственост на француски, американски и британски милијардери и политичари кои ги водат овие земји а кои имаат директен удел или индиректна корист во овие компании . На пример, ваков тип на компании платиле околу 11 милиони долари на Нигер за ураниумот, а потоа, истиот ураниум и го продале на Франција (наплатен од парите на даночните обврзници на Франција) 230 милиони долари?! Како што може да забележите, пљјачката е двојна а маржата огромна!
Бидејќи повеќето политичари на колективниот Запад имаат акции во овие компании, тие ја користат војска на државите како своја приватна компанија за обезбедување. Ја испраќаат војска (државна – француска, британска и сл) во Африка за да ги принуди тамошните владари (кога веќе претходно тие што ги корумпирале изгубиле власт) и на тој начин да ги обезбеди рудниците и рудата скоро па бесплатно, бидејќи државата плаќа за нив.
Поради експлоатацијата, населението во Африка е ужасно сиромашно и како резултат на тоа се создаваат огромни бегалски бранови кон Европа и се создава уште поголем притисок врз грбот на европската економија. Експлоатацијата има негативно влијание и врз европа како таква.
Сега, со прекин на ураниумот од Нигер, приватните компании нема да можат да експлоатираат, но Франција ќе продолжи да ја плаќа истата сума, а можеби и поскапо, да речеме на Австралија Канада или САД.
Кој губи во Африка?
Па јасно е, политичките и економски (кои се фузирани) елити на колективниот Запад.
И секако, ситната биранија како платените и корумпирани медиуми и остали експерти и евро-атлантски фундаменталисти.