Пишува: Александар Симонов, борец за социјална правда и член на ЦК на политичката партија Левица
Работниците во маркетите се една од најексплоатираните работнички класи за кои не се знаело ни што е делник , нит што е празник, ни што е НеДела!
Еднаш во „независната“ ни историја се случува 31 декември да биде во недела, кога НЕДЕЛА Е НЕРАБОТЕН ДЕН и тој им го земаа! Замисли да си продавач\ка која во трговијата е 25 години стаж и првпат се случува на „фаќинг“ 31 декември да не си на работа, додека претходно цел живот во маркет, си им служел на во главно побогатите од тебе, и за првпат, денот за нова година, можеш да го планираш со своето семејство, да се осетиш како човек, за празник!
Е, баш тогаш, однародената и одчовечена Влада одлучува и овој момент од живото да ти го земе, за да им удоволи за желбите за профит на твоите експлоататори што се навредуваат кога ќе ги наречеш „газди“, оти биле претприемачи, онакви успешни, кои ризикувале чесно го стекнале богатството! – А ти како човек кој најголем дел од живото работиш за минималец, пак да им служиш на оние консумеристи, од малку до многу побогати од тебе, затоа што милите напатени душики, цела работна седмица не стасале да си испазаруваат.
Стајте се бе еднаш во нивни обувки мајка му стара! Замисли си цел живот 31 декември ти завршува отепан од работа, да си дојдеш дома за новогодишната вечер, онеспосебен од умор да се помрднеш, затоа што за тебе нова година не важи, дека си работиник, обичен работник. И еднаш во живот тој ден ти не си на работа и некој да ти го земе тоа, онака, од што е побогат, од што е разлигавен, од што има власт, од што му се може. Пу, јаз’к да ви се и парите, и пазарувањето!
И ова ви е класичен пример како консумеризмот како највисока форма на капиталистички гнасотилок не може да ги скроти своите нагони за човечка експлоатација, само за задоволување на потребите на својот дебел гас!
p.s. Над 80% од работниците во маркетите се жени, сопруги, баби мајки. Ајде бре феминистки, гукнете нешто, или зафатени сте со шопинг, јер легнаа парите на сметка од енџиошењето!
p.p.s. Ако капитализмот нема ништо човечко во себе, власта уште помалку, ти биди човек и имај нешто човечко во себе – Немој да одиш во маркет оваа недела!