Пишува: Реџеп Исмаил – Хактан, потпретседател на политичката партија Левица.

Со чест на индивидуални исклучоци, но, колективната психолошка матрица која владее во оваа партија а која се карактеризира со само-беендисаност и себе лажење со цел себе оправдување, во нивната кумулативна партиска стратегија се рефлектира како цели и задачи исклучиво во насока на апсолутна контрола на опозицискиот блок преку нај безкурпулозна деструкција на се што не е под нивна контрола во опозициското двориште. Тоа е така поради неколку работи, но главно поради политичката и стратешка идолатрија проткаена со идеолошка субмисивност кон странскиот фактор и, соодветно на тоа, потребата од апсолутна контрола на пост-изборниот наратив, каде очигледно оваа партија има намера да ги сервира сите гомненици на НАТО, ЕУ, Бугарија, Грција и останатите стратешки партнери, но во друго, ВМРО-вско паковање.

Со оглед на тоа што, бланко картата, дадена од македонските граѓани, “дајте ни ја цета власт“, досега, оваа партија, во релативно краток период, безброј пати, ја има прокоцкано, разбирлива е нивната моментална параноична нарцисоидност.

За жал, квантитативно (бројчано) ДПМНЕ има најголема моќ во опозицијата, но сето тоа е импотентна бројчана надмоќност наспроти власта, овој потенцијал ДПМНЕ го користи исклучиво, преку лаги и подли манипулации, да го засече секој зародиш на различните идеи и стратегии и визии како алтернативи на моменталната, историски смртно загрозената состојба на македонска држава и нација.

Како дел од Советот на Градот Скопје, ова особено го посведочувам скоро секоја седница на Советот! За што и предупредував на почетокот на оваа година, токму во постот кој може да го видете во коментар на оваа објава.

Во средата, на 27-ми декември, беше донесен Буџетот на Град Скопје за 2024-та година. Кој претходно, на координативни средби со кабинетот на градоначалникот на Градот како и надлежни претставници на најразлични сектори, низ транспарентен и отворен процес, со сите политички групи беше договорено имплементирање на идеи и насоки како и кокнкретни проекции рамките на Буџетот и од него произлезените активности на градот за 2024-та година. Очигледно е дека ниту една советничка група нема мнозинство во Советот на Градот, а ниту има коалиција на советнички групи како мнозинство, НО, најбројната група на советници е токму онаа на ДПМНЕ. Оваа група не даде никаква идеја никаква критика на буџетот, имаше амандмани на истиот, каде еден беше прифатен од Градоначалникот без да биде гласан, а другиот стана дел од буџетот со гласање на Советот – ги доби потребните гласови за одлуката да биде позитивна. Соочувајќи се со ваквата позиција на небрано, ДПМНЕ по секоја цена му требаше материјал за пропаганда, особено насочена против Левица, па при гласање на Буџетот, советниците на ДПМНЕ не беа во салата воопшто (освен некој од пајтон партиите кои ги користат како шминка) но Претседателот на Советот, Проф, Трајко Славевски, беше присутен и гласаше ЗА буџетот. БАДИЈАВА, глувците од ПР подрумот на Протуѓер, останати без стопан и компас, заборавиле дека при гласање на буџетот НЕ БЕА ПРИСУТНИ во салата, а претседателот на Совет, од редовите на советничката група на ДПМНЕ, Трајко Славевски ГО ПОДДРЖА Предлог буџетот за 2024-та година на Град Скопје.

ДПМНЕ и СДСМ по секоја цена се насочени кон целосно парализирање на градот, неговите јавни претпријатија како и Јавни установи. Заедно не дозволуваат да поминат предлог плановите за вработување и да можат луѓето кои веќе работата да се трансформираат во редовно вработени, а не секако да бидат вработени преку АПВ – начин на кој Градот трпи финансиска штета а работниците работнички права, се богати само некоја Агенција која е створена токму во времето кога овие две партии со моќта во централната власт спроведиле политика која ги присилува институциите да вработуваат луѓе преку Агенција за Привремени вработувања. Со ова користа е двојна, и Агенциите се нивни но и луѓето вработени преки истите, затоа што на овој начин ги држат на “краток ланец“.

Овие две партии Градот го спречуваат да набави автобуси и на тој начин се причина за продолжување на кризата со јавниот превоз во Градот: Едните уценуваат со БРТ систем, за кој Градот треба да се задолжи во некоја од банките на колективниот Запад, па соодветно после да може да биде уценуван нели, да мора „северна“, и слично придушување на македонската култура, додека другиве, ДПМНЕ, го блокираат домашното задолжување поради фактот што тој капацитет на ЈСП ќе ја истисне потребата од ангажирањето на приватните превозници кои се под шака токму на ДПМНЕ.

ДПМНЕ оди дури и многу подлабоко и поподробно во активностите по секоја цена да биде што повеќе нефункционално, и тоа се претставува како идеолошка принципиелност изречена во флоскулата „заштита на приватната сопственост и приватниот капитал“. Ова беше причината ДПМНЕ да не го поддржи и проектот предложен од Левица да ЈСП има свој сервисен центар каде не само што ќе врши сервис на своите возила туку и на возилата во сопственост на Градот, неговите Претпријатија и Установи, па и Средните школи. Ама не, ДПМНЕ вели дека тоа се косело со нивната „идеолошка определба за слободен пазар“ – демек некој приватен капитал има корист од сервисните потреби на ЈСП па ДПМНЕ не сака да го загрози тој приватен бизнис!?

Со цел штитење на приватниот бизнис се опстуираше и процесот на конечно ослободување на Средните училишта од канџите на приватните агенции за обезбедување, со оваа цел се штити и приватниот интерес и улога во менаџирање на рекламниот простор на ЈСП, со оваа логика се опструираат сите чекори и идеи за градење на сопствените капацитети на Јавните претпријатија за да немаат потреба од тендерирање на приватни компании за вршење на услугите од нивниот домен. Па дури се опструираат и културно уметничките активности на Јавните установи кои работат на чкрги поради одбивање од страна на Министерството за финансии на сите нивни барања за вработување. ДПМНЕ веќе две години по ред ја бојкотира манифестацијата по повод ослободувањето на Скопје од бугарскиот фашизам, 13-ти Ноември, само поради нагласената партизанска естетика и содржина на настанот и отсуството на симболите (знамињата) на де-факто анти-македонските западни асоцијации како НАТО и ЕУ, при ревијалните и свечени активности (положување на цвеќе) по повод овој празник.

П.С. А која коалиција ги изгласа дозволите за вршење на паркинг услуги на приватните маркет и трговски бизниси, како и дозволата за вршење на паркинг дејност во ГТЦ на биткоин бандата…?