Од 1930-тите, сите детски градинки во СССР почнаа сериозно да ја слават Новата година. Организираа утрински претстави на кои децата беа облечени во различни тематски костими.

Советскиот Сојуз немаше традиција да ги прославува празниците во костими, но, за прославата на Нова година, секој родител поминуваше ноќи шиејќи костими за своите деца. Снегулки, златни рипки, херои од бајките, крзнени зајаци и лисици – тоа беа најпопуларните ликови во кои се облекуваа советските деца.

На сликата подолу е една од првите новогодишни приредби со украсена елка во узбекистанско училиште, околу 1936 година. Децата се облечени како Шехерезада, Дедо Мраз и во народни носии, а во рацете држат два транспаренти на кои пишува: „Благодарност до Сталин за нашето среќно детство“.

Прославите на Нова година првенствено беа организирани за децата, а не за возрасните. А главната забава за новогодишната елка беше организирана во Домот на синдикатите, каде имаше многу настани на Комунистичката партија.

Главниот дел од претставата беа сцените со Дедо Мраз. Децата ќе му кажеа дека биле добри во годината што изминува и ќе добивеја подарок од него.

Еден од најпопуларните и наједноставните костими беше снегулката. Доволно беше само да ја исечете од хартија и да ја залепите на глава!

Уште еден распространет костим беше крзнениот, бел зајак…

…и птиците!

Децата исто така се облекуваа во руски селани и изведуваа хоровод (оро) околу новогодишната елка.

Можете ли да погодите во кои животни се маскирани децата на фотографијата подолу?

А во кои животни на оваа?

Откако култниот советски филм „Дартањан и тројцата мускетари“ почна да се прикажува во доцните 1970-ти, многу советски момчиња избраа да се облекуваат како мускетари за новогодишната ноќ.

Колку повеќе светки (кои беа многу достапни), толку подобро!

И, се разбира, костимите на космонаути отсекогаш беа популарни, бидејќи многу советски деца сонуваа да станат токму тоа.

Додека Западниот Дедо Мраз имаше џуџиња и елени како помошници, рускиот Деда Мраз, наречен Дед Мороз, имаше своја „внука“ по име Снегурочка како помошничка. А девојчињата беа желни да се маскираат во неа.

Децата рецитираа песнички, играјќи или глумејќи сцени од бајките. На сликата подолу е Црвенкапа!

Облекувањето во носија на народите од советските републики исто така беше популарно, што го докажува мотото „Дружба на народите“.

Некои ученици и самите правеа свои верзии на носии – независно дали тоа беше народна носија со кокошник или фустан на омилениот книжевен лик.

Во модерна Русија традицијата продолжи и, и покрај тоа што сега има широк спектар на различни костими за избор, зајаците и црвенкапите сè уште се најпопуларни!

Преземено од: https://mk.rbth.com/istorija/90416-novogodishnoto-utro-na-decata-sssr