Аврамовска: ДПМНЕ води партиска кампања додека ги поскапува комуналиите

Фејзбук статус на: Виолета Аврамовска советник во општина Охрид од редовите на политичката партија Левица

Додека денеска ДПМНЕ од Охрид ја започна кампањата ,, Важно е ! Од тебе зависат промените”, на дневен ред на 33 Седница на Советот на Општина Охрид закажана за утре, се најдоа две точки на дневен ред, предлог – одлуки за поскапување на водата и поскапување на услугите за собирање и одведување на урбани отпадни води.

Тоа значи дека од утре охриѓани ќе добиваат повисоки сметки од ЈП Водовод и ЈП Нискоградба, бидејќи мнозинството секако ќе ги изгласа предлог – одлуките.

И дечки, без манипулации со јавноста. Регулаторна не донесе решение за поскапување на водата врз основа на негативниот финансиски извештај на ЈП Водовод, туку по барање на ЈП Водовод.

Тоа е вистината.

Последно